Неочекувано Немања Видиќ објави крај на кариерата!

Српскиот дефанзивец и еден од најдобрите на оваа позиција во изминатава деценија, Немања Видиќ неочекувано одлучи да ја заврши својата кариера.

MANCHESTER, ENGLAND - MAY 12:  Nemanja Vidic of Manchester United celebrates with the Premier League trophy after the Barclays Premier League match between Manchester United and Swansea at Old Trafford on May 12, 2013 in Manchester, England.  (Photo by John Peters/Man Utd via Getty Images)

Видиќ неодамна го раскина договорот со Интер, каде поради повреда не играше подолго време, а со успех настапуваше во Манчестер Јунајтед за кого играше пред да дојде во Милано.

– Дојде крајот и време е да ги закачам копачките на клин. Повредите кои ги имав во последните години го земаа својот данок. Сакам да им се заблагодарам на играчите со кои настапував и на тренерите со кои соработував, големо благодарам за поддршката од навивачите низ сите овие години, – изјави Видиќ.

Тој има 34 години, најдобрите денови од кариерата ги мина во Манчестер Јунајтед, а настапуваше и за Црвена Звезда, Суботица и Спартак Москва.