Еве кој нуди 75 милиони фунти за Герет Бејл!

Loading

Велшанецот Герет Бејл не бил задоволен што тренерот Рафа Бенитез доби отказ од раководството на Реал Мадрид и поради тоа сака да го напушти Мадрид.

gareth-bale

Па така можно е Бејл да го напушти кралскиот клуб, а интерес за него покажуваат Манчестер Јунајтед, Сити и Челзи.

Бејл наводно сакал да оди во Јунајтед бидејќи таму би соработувал со својот сонародник Рајан Гигс, а црвените ѓаволи се спремни да издвојат 75 милиони фунти за неговиот потпис.

26-годишниот фудбалер во јуни 2013 година пристигна во Реал Мадрид од редовите на Тотенхем за рекорден трансфер од 86 милиони фунти.

Бејл со Реал Мадрид ги освои титулите во Лигата на шампионите, шпанскиот Куп, Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство.