Видео: Чикаго го победи Торонто, Батлер собори рекорд на Џордан

Loading

Џими Батлер постигна 42 поени во триумфот на Чикаго над Торонто нагости со 115:113, а крилниот играч на овој меч постигна само два поени во првото полувреме, но во вториот дел тој буквално експлодира постигнувајќи 40 поени, вклучувајќи ја и тројката на 30 секунди до крајот која беше клучна за конечниот победник.

michael-jordan-jimmy-butler1

Батлер го собори рекородот на Мајкл Џордан според бројот на постигнати поени 39 во едно полувреме. Џордан го поздрави рекордот на Батлер со зборовите дека ‘добро е што се останува во фамилијата’.

michael-jordan-jimmy-butler

Кај Чикаго се истакнаа и шпанските репрезентативци Пау Гасол со 19 поени, 13 скокови и Никола Миротиќ со 17 поени.