Челзи и официјално го назначи Гус Хидинк за нов менаџер на ,,сините,,

Челзи и официјално потврди дека Гус Хидинк е новиот менаџер на тимот и ќе го замени на клупата Жозе Мурињо кој доби отказ.

hiddink

Клубот од Стемфорд Бриџ потврди дека Холанѓанецот ќе седи на клупата на `сините` до крајот на сезоната.

„Челзи е еден од најголемите клубови во светот, иако можеби сега не е на местото каде што треба да биде, но во секој случај, убеден сум дека можам да донесам пресврт во сезоната“, изјавил Хидинк.

Актуелниот англиски шампион во 16 натпревари во Премиерлигата веќе има 9 порази и со скромни 15 подови се наоѓа на 16-то место на табелата.

Хидинк вторпат ќе го предводи Челзи, а во својот прв мандат кога во февруари 2009 го замени Луис Фелипе Сколари, го освои ФА купот, избори пласман во Лигата на шампионите и стигна до полуфиналето во Лигата на шампионите. Од февруари 2009 до крајот на сезоната Челзи со Хидинк забележа само еден пораз од Тотенхем.

Хидинк како селектор на националните тимови на Русија, Турција и Холандија не успеа да избори пласман на ниту едно големо европско и светско натпреварување, а покрај овие репрезентации беша и селектор на Јужна Кореја и Австралија, додека како клупски тренер работел во ПСВ, Фенербахче, Реал Мадрид, Анжи.