Видео: Трето место за Хирошима на Светското клубско првенство

Се одигра натпреварот за третото место и бронзениот медал на светското клубско првенство што се игра во Јапонија.

hiro

Домашниот тим Хирошима со пресврт славеше со 2-1 во меч каде кинескиот шампион Гвангжу водеше на полувреме со 0-1.

Гванжу поведе со голот на Бразилецот, Жозе Паулињо уште во 3.минута, но во вториот дел, јапонскиот тим со головите на Даглас во 70 и 83 минута направи комплетен резултатски пресврт, славеше победа и стигна до бронзениот медал и третото место на клубскиот Мундијал.

Во финалето и борбата за титуалата, која ќе започне за 15-тина минути во 11 часот и 30 минути ќе се борат шампионот на Јужна Aмерика, аргентинската Ривер Плата и првакот на Европа, Барселона.