НБА лига: 100% учинок на домашните екипи во 4-те средби одиграни синоќа

Loading

Во НБА лигата беа одиграни само 4 натпревари, на кои домашните тимови забележаа победи на сите средби.

okc

Оклахома Сити, го декласираше Л.А. Лејкерс со 40 разлика 118-78. Најефикасен на натпреварот беше Кевин Дурант со 22 поени и 8 скокови, додека турчинот, Енес Кантер „дабл-дабј’’ учинок од 19 поени и 15 скокови.

Во отсуство на повредениот Коби Брајат, Ло Вилијамс со 20 поени беше најефикасен во редовите на ЛА Лејкрс.

На другит етри дуели Вашингтон го победи Шарлот со 109:101, Њујорк изненадувачки славеше над Чикаго со 107-91, а Мемфис беше подобар од тимот на Индијана со 96-84.

Вечерната програма во НБА лигата започнува со два дуела Бруклин-Минесота и Мајами-Портланд, а продолжува со уште 5 средби во текот на ноќта.

Погледнете како беше надигран тимот на Лејкерс од Оклахома…