Во Германија комплетирано е полуфиналето на националниот куп каде тимовите на Баерн и Херта ги оправдаа фаворитските улоги и им се приклучија на Вердер и Борусија Дортмунд во полуфиналето.
Баерн нагости славеше во Бохум со 3:0, а Херта против Халденхајм победи со 3:2. Головите за Баерн во Бохум ги постигнаа Левандовски кој стрелаше на два пати и Тијаго Алкантара.
Бохум од финишот на првиот дел играше со играч помалку поради исклучувањето на Шимунек.
Хајденхајм имаше предност против Херта со голот на Фик, но веќе во наредните два напада Херта со головите на Ибишевиќ направи пресврт.
Во вториот дел Шнатерер зголеми на 3:1, а конечниот резултат го постави Харагучи.
Се поизвесно е дека во финалето најверојатно ќе гледаме нова пресметка помеѓу Баерн Минхен и Борусија Дортмунд.