Тимот на Арсен Венгер, Арсенал славеше победа пред своите навивачи против Бурнмаум со 2-0 со головите на Габриле Паулиста и Месут Озил со што се искачи на врвот од Англиската Премиер лига.
Топџиите ја остварија 12 победа во сезоната и сега има вкупно 39 бода, еден повеќе од Лестер Сити кој вечерва игра во дербито против Манчестер Сити.
Арсенал го отвори резултатот во 27 минута преку Габриел по еден корнер, а во 63. минута Озил одигра фантастично двојно додавање со Жиру и лесно ја погоди мрежата на гостите.
Во ова коло се одигра и дерби мечот на Олд Трафорд помеѓу Манчестер Јунајтед и Челзи, а натпреварот заврши без победник и без голови 0-0.
Колото во Англија ќе се комплерита утре со натпреварот Сандерленд – Ливерпул.