Започна ТОП 16 фазата во кошаркарската Евролига. ЦСКА и Барселона кикснаа!

Loading

Во кошаркарската Евролига започна ТОП 16 фазата каде се одиграа 3 средби.

euroleague1

Во руската пресметка Химки славеше над ЦСКА Москва со 91:89 со поени на Алексеј Швед на секунда пред крајот.

Швед постигна 28 поени, Рајс уфрли 22 за Химки. На спортивната страна најрасположен беше Французинот Де Коло со 20 поени.

Во Грција, Олимпијакос ја совлада Барселона со 74:62. Пресудна беше втората четвртина, која домаќините ја добија со 25:12. Спанулис постигна 11, а Хантер 10 коша кај домаќинот. Кај „каталонците“ Томиќ даде 16, додека Саторански заврши со 12 поени.

Уникаха дојде до првата победа, откако пред својата публика лесно се справи и ја победи Дарушафака со 70:62.

Најефикасен беше Џексон со 20 поени, нашиот репрезентативец Хендрикс постигна 13 поени.

Вечерва на програмата се останатите 5 дуели каде се среќаваат Анадолу Ефес-Црвена Звезда, Жалгирис-Лаборал, Цедевита-Локомотив Кубан, Фенербахче-Панатинаикос и Реал Мадрид-Брос Баскет.