Алонсо, Боатенг, Милер и Мартинез ги продолжија договорите со Баерн Минхен

Чави Алонсо, Боатенг, Томас Милер и Мартинез денеска и официјално ги продолжија договорите со германскиот шампион Баерн Минхен.

bayerb

Сепак најзначајно е останувањето на Томас Милер, кој го продолжи договорот до 2021 година, а за него најмногу се интересираше Манчестер Јунајтед кој подготвуваше мегапонуда.

Но баварците успеаја да го “врзат” за следните 5,5 години со плата од 13,5 милиони евра по сезона.

Договорите на Боатенг и Мартинез се исто така до 2021 година, додека Алонсо потпиша нов двогодишен договор до 2017 година, со што се стави крај на шпекулациите дека шпанскиот играч за врска би можел да се врати во Ливерпул или Реал Мадрид.

Од следната сезона Баерн Минхен ќе има и нов тренер во името на Карло Анчелоти кој ќе го замени Пеп Гвардиола кој одлучи да си замине.