НБА: Леброн подобар од Дурент во дербито, Хјустон и Шарлот стигнаа до важни победи

Loading

3 средби се одиграа во НБА лигата каде тимовите на Кливленд, Хјустон и Шарлот стигнаа до победи.

nbafanmap

Во дербито Кливленд ја победи Окалхома со 104:100 благодарение на одличната игра на Кавси во последната четвртина кога и го направија пресвртот.

На Леброн Џејмс му избега ’трипл дабл’ учинокот за 1 асистенција а имаше 33 поени, 11 скокови, 9 асистенции. Кај Кливленд уште петмина негови играчи постигнаа двоцифрен број на поени.

Кај Оклахома тројца играчи постигнаа 20 и повеќе поени, но тоа не беше доволно за победа нагости. Вестбрук мечот го заврши со 27 поени и 10 асистенции, Кевин Дурент постигна 25 поени, а Серж Ибака заврши со 23 поени и 9 скокови.

Хјустон со 20 разлика запиша нова победа во лигата, а Ракетите славеа нагости кај Лејкерси со 107:87.

Џејмс Харден со 26 поени, Двајт Хауард со 16 поени и 15 скокови и Теренс Џонс со 16 поени хо предводеа Хјустон до победата. Кај Лејкерси Коби Брајант постигна 22 поени.

Шарлот Хорнетс стигна до важна победа во дербито против Торонто со 109-99 по едно продолжение, а јунак на натпреварот беше Џереми Лин кој постигна 35 поени, а Кемба Вокер даде 27 поени, 7 скокови, 6 асистенции за тимот на Мајкл Џордан кои ја држат 5-тата позиција на истокот.

За вечерва предвидена е богата НБА програма со дури 13 натпревари.

Инсерти од синоќешните натпревари во НБА лигата….