Историски успех за Холандија! Победа против Полска со 30-25 за финале на СП во ракомет за жени

Loading

Ракометарките на Холандија се првите финалисти на 22-то Светското првенство во ракомет за жени во Данска.

handball11

Тие во полуфиналето ја победија Полска со 30:25, полувреме 15:8 и се единствената селекција без ниту еден пораз на првенството.

Израмнето беше во првите 10 минути, но потоа со серија од 6:0 Холандија создаде недостна предност која Полска не успеа да ја намали.

Кај Холандија најдобра беше Естевана Полман со 6 голови, додека Тес Вестер имаше 12 одбрани на голот на Холандија.

Во второто полуфинале кое е во тек играат европскиот и олимписки шампион Норвешка и Романија, а моментално на 7 минути до крајот се води голема борба каде резултатот е израмнет 24-24.

Во натпреварите за пласман од 5-8.место Русија-Франција 31:25 и Данска-Црна Гора 28:20.

Финалето и натпреварите за конечен пласман се играат в недела на 20.декември.