АМС: Средба на Спасески со претседателот на Велосипедската федерација на Турција

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески денеска имаше средба со Емин Муфтуоглу, претседател на Велосипедската федерација на Турција и на Балканската велосипедска федерација, и член на раководството на Светската велосипедска федерација.

Slika Sajt Turcija 1

Тема на средбата беше престојниот Балкански конгрес за велосипедизам најавен за 13 и 14 февруари оваа година во Скопје со присуство на високи претставници на европската и Светската велосипедска федерација, соопшти Агенцијата за млади и спорт (АМС).

Спасески го информирал Муфтуоглу за поддршката што Агенцијата за млади и спорт ја дава на Велосипедската федерација на Македонија и за вложувањата во спортската инфраструктура и во развојот на велосипедскиот спорт.

Slika Sajt Turcija 2

– Муфтоглу се заблагодари за приемот во Агенцијата за млади и спорт и истакна дека му причинува огромно задоволство за воспоставената соработка на Велосипедската федерација на Турција со Велосипедската федерација на Македонија и Агенцијата за млади и спорт, се наведува во соопштението.

Спасески и Мугфтуоглу договориле уште една средба, при следното доагање на Муфтуоглу на Конгресот во Скопје во февруари.ј