Видео: Партизан ја реши Црвена звезда во градското дерби во АБА лигата!

Loading

Во градското дерби во кошаркарската АБА лига во рамките на 21 коло, Партизан направи големо изненадување и во преполната Пионир арена го победи шампионот Црвена звезда со 86-81.

part-cz1

Тренерот на Партизан нашиот поранешен селектор, Александар Џикиќ го препороди белградскиот тим од своето доаѓање, па така на ред дојде и вечниот ривал со што црно-белите се пробија на седмото место на табелата во АБА лигата.

Кевин Џонс кај Партизан со 17 поени беше најефикасен, додека Александар Цветковиќ постигна 16, а Едо Муриќ 15 како и решавачките поени за победа.

Кај Црвена звезда најпрецизен беше Маик Цирбес со 26 поени.

part-cz part-cz2

Во следното 22 коло, Партизан игра нагости кај лидерот Будучност, додека Црвена Звезда на домашен терен ќе го пречека нашиот шампион тимот на МЗТ Скопје Аеродром.

Инсерти од дербито во Пионир…