Ван Гал си даде оставка, Јунајтед му ја одби!

Loading

Менаџерот на Манчерсте Јунајтед Луј ван Гал, по поразот од Саутемптон си поднесе оставка на функцијата во клубот.

vangaalwood

Но, раководството на клубот од Олд Трафорд на чело со директорот Ед Вудворд истата ја одби.

Ван Гал, успеа да го издржи притисокот во декември кога тимот 7 натпревари немаше победа, но по поразот од Саутемптон на домашен терен, ја понудил оставката со коментар дека ги изневерил навивачите, а потоа си ги спакувал куферите и заминал за Холандија на прослава на роденденот на својата ќерка.

Но директорот Вудворд без размислување ја одбил оставката на Ван Гал, со образложение дека не сака на половина од сезоната да го менува менаџерот.

vangalwood

Менаџерот Ван Гал и директорот Вудворд ќе имаат уште еден состанок, по кој дефинитивно ќе биде позната судбината на холандскиот тренер.

Луј Ван Гал сигурно ќе го напушти „Олд Трафорд“, доколку Манчестер Јунајтед не успее в петок да го победи тимот на Дерби каунти во ФА купот.