Никогаш не се случило во историјата на фудбалот Интер и Милан да гостуваат во ист ден.
Сан Сиро или Џузепе Меаца ќе бидат затворени бидејќи Лигата на нации ќе се игра на тој стадион следната среда и тој мора да се подготви за италијанската репрезентација.
Ова исто така значи дека и играчите на Интер и Милан ќе играат на гости во претстојното коло.
Интер ќе гостува кај Сасуоло, и Милан кај Аталанта, што исто така значи дека за првпат во историјата на фудбалот ќе имаме ситуација Интер и Милан да играат како гости во исто коло, пренесува Газета дело спорт.