Македонската ракометна репрезентација загуби од светскиот првак Франција со 25:27 првиот натрпевар од квалификациите за пласман на Европското првенство во Полска.
Македонските ракометари против европскиот, светскиот и олимпискиот шампион одиграа храбро без респект, а во финишот испуштија можност да забележа и позитивен резултат.
Французите по 12 минути поведоа со 1:4, но Македонија одговри со своја серија откако успеа да ја стабилизира играта и да стигне до првото водство на мечот со 6:5.
Но Французите повторно воспоставија контрола врз играта во финишот создадоа одново предност од три гола 12:15, која до крајот на полувремето ја намали Манасков.
Во второто полувреме ‘триколорите’ во 41 минута имаа предност од 5 голови 17:22, но Македонија уште еднаш успеа да се врати во мечот и во 57 минута да стигне на само гол негатива 25:26.
Но до крајот на мечот избраниците на Обрван не постигнаа ниту еден гол, Миркуловски во нападот за израмнување направи пробивање, а Мае потоа го постави конечниот резултат.
Кире Лазаров со 8 и Стојанче Стоилов со 5 гола ја предводеа Македонија, додека најефикасен кај Французите беше Гигу со 6 постигнати гола.
Македонија и Франција на 3 мај в недела повторно се среќаваат во рамките на квалификациите, а натпреварот ќе се одигра во Тулуз.