Тинејџерската супер ѕвезда на Монако, 18 годишниот Килијан Мбапе за рекорден трансфер заминува од кнежевството и станува крал.
Двата клуба постигнале договор за сума од неверојатни 180 милиони евра.
„Кралевите“ ќе платат 150 милиони евра во кеш, а останатите 30 милиони ќе бидат пресметани во бонуси. Мбапе треба да потпише шестгодишен договор со европскиот шампион.
Зидан би сакал што поскоро да го има Мбапе на располагање, за младиот голгетер да може да се адаптира на новата средина.
Се очекува трансферот да биде комплетиран во следните денови за Французинот да атакува на место во тимот веќе за Супер-купот на Европа против Манчестер јунајтед во Скопје.
Овој трансфер ќе биде далеку поскап од актуелниот рекорд на Пол Погба од Јувентус во Реал Мадрид.
Но, сепак е под сумата од 222 милиони евра што ПСЖ планира да ја плати за Нејмар од Барселона.