Мексиканецот Хавиер Хернандез или популарен како Чичарито. Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед потпиша со Вест Хем Јунајтед.
„Чеканите“ му платија на Баер Леверкузен околу 18 милиони евра и привлекоа уште едно квалитетно засилување, откако од почетокот на летото веќе се засилија со Џо Харт, Пабло Забалета и Марко Арнаутович.
Договорот е во трајност од 3 години. Вест Хем се наоѓа моментално во Германија, а Чичарито треба да се приклучи кон кампот.
Тој ќе се сретне со менаџерот Славен Билиќ и новите соиграчи.
Мексиканецот помина 2 години во Баер Леверкузен. Запиша 39 гола во 76 натпревари за „аптекарите“.