Кај нашите северни соседи се одигра вечното дерби на српскиот фудбал, помеѓу Партизан и Црвена Ѕвезда.
До победата стигнаа домашните играчи на Партизан минимално со 1-0.
Ова воедно беше и 152-то градско дерби, а црно белите ја забележаа 45-та победа, додека ривалот остана на 62 победи.
Дербито беше сиромашно на теренот, а како секогаш бурно на трибините и околу стадионот, епилогот е осум повредени полицајци и 44 уапсени хулигани.
Партизан за нијанса беше подобар од противникот, а славеше со голот на Леонардо постигнат во претпоследната минута од натпреарот.
Со оваа победа Партизан ја намали предноста во однос на ривалот на 6 бодови.
Инсерти од мечот…