Одбојкарите на Србија за првпат во својата историја ја освоија Светската одбојкарска лига, најпрофитабилното натпреварување во одбојкарскиот свет.
Тие во финалето, кое се одигра во Краков, славеа над Бразил со убедливи 3-0 во сетови 25:22, 25:22, 25:21.
Третото место на турнирот и припадна на Франција која со максимален резултат ја победи Италија.
Србија во своето шесто учество во финалните мечеви во Светската лига ја освои првата титула, додека Бразил остана на девет титули во ова натпреварување.
Српските одбојкари освоија и чек на 1 милион долари, а одиграа одличен меч, со цврста и дисциплинирана игра не му дозволи на Бразил во ниту еден момент да стигне во предност и да ја диктира играта.
Најефикасен во победничкиот тим беше Ивовиќ со 16 поени, додека Бразил го предводеше Де Соуза со 18 поени.
Србинот Марко Ивовиќ како МВП ја предводи идеалната постава на завршниот турнир.