Македонската кошаркарска репрезентација претрпе пораз од Иран во првиот меч на стартот интернационалниот турнир во Сужоу, Кина.
Избраниците на селекторот Драган Раца одиграа добар натпревар со свои моменти, но на крајот моравме да се задоволиме со пораз од 80:75.
Првата четвртина „црвено-жолтите“ ја добиле со 19:18, но во втората четвртина Иранците направиле пресврт и заминале со предност 44-31.
Македонија во продолжението ја намали негативата, но немаше сили и енергија за целосен пресврт.
Денеска наш втор противник ќе биде репрезентацијата на Литванија.