Кристијано Роналдо остана приоритетна цел број 1 за францускиот шампион ПСЖ.
Португалецот долго време беше во преговори со агентот Жорге Мендеш за трансфер во ПСЖ, но според најновите информации догововор паднал.
ПСЖ има вербален договор со Кристијано Роналдо, дека ќе биде првата опција каде што тој би ја продолжил својата кариера, доколку ѕвездата на Реал (М), одлучи да го напушти “Бернабеу”и да побара нов предизвик во кариерата.
Сепак, навивачите на “кралскиот клуб”, можат да бидат спокојни, имајки во предвид дека актуелниот договор на Роналдо со Реал (М) е со важност до 2018 година, а неодамна тренерот на екипата, французинот, Зинедин Зидан, изјави дека ќе му биде понуден нов договор на најдобриот фудбалер кој ќе биде со важност до 2021 година.
Останува да видиме како ќе се одвиваат работите по завршување на сезоната во Европа и по крајот на ЕП во Франција 2016 година.