Кошаркарите на Црвена звезда ја одбранија титулата во јадранската АБА лига, откако и во третиот меч во финалето против Мега Лекс стигнаа до победа за конечни 3-0 во финалето.
На третиот натпревар од финалето одигран во Сремска Митровица „црвено-белите“ со убедливи 61:49 беа подобри од домашната екипа.
Квинси Милер со 18 поени и 8 скокови беше најзаслужниот за победата на белграѓани, додека Раде Загорац со 21 поен е најефикасниот во Мега Лекс.
Стеван Јовиќ од Црвена Звезда беше прогласен за МВП играч во финалето.
Ова најверојатно беше последниот натпревар од АБА лигата поради најавата за нејзино згаснување по санкциите од ФИБА за федерациите кои го поддржуваат регионалното натпреварување.
Инстерти од мечот…