Голманот на Македонската ракометна репрезентација Борко Ристовски од следната сезона ќе биде нов играч на актуелниот шампион на Лигата на шампионите, каталонскиот клуб Барселона.
Борко Ристовски ќе му биде соиграч со Кире Лазаров во Барселона, а оваа информација ја потврди официјално и каталонскиот клуб.
Ристовски изминатиот викенд престојуваше во Барселона, каде договорил двегодишна соработка.
Тој во моментов е голман на Бундеслигашот Рајн Некар Ловен, а во Барселона ќе го замени ветеранот Даниел Шариќ, кој кариерата ќе ја продолжи во Катар.
Така освен во националниот дрес, капитенот Лазаров и голманот Ристовски ќе соработуваат заедно и во еден од најдобрите ракометни клубови во светот – Барселона.