Милан и тренерот Синиша Михајловиќ ја прекинаа соработката!

Loading

Италијанскиот гигант Милан му врачи отказ на тренерот Синиша Михајловиќ, а на нагово место го назначи Кристијан Броки тренерот на младинскиот тим.

sinisa1

Михајловиќ е сменет два дена по поразот од старата дама. Српскиот стратег на почетокот на сезоната пристигна на „Сан Сиро“, на засилувања потроши 90 милиони евра, а на 6 кола до крајот на првенството се наоѓа на шестото место на табелата.

Михајловиќ со Милан избори пласман во финалето на италијанскиот Куп, каде противник ќе му биде Јувентус, но не ја оствари целта, пласман во Лигата на шампионите.

Милан од третата позиција е оддалечен недостижни 15 бода. Долго се најавуваше смената на Синиша, но шпекулациите стивнаа по серијата од 9 натпревари без пораз, во текот на првите два месеци од годината. Сепак негативната серија од пет мечеви без триумф ја иницираше смената на српскиот тренер.

Михајловиќ на клупата ќе го замени поранешниот играч на Милан, Кристијан Броки, кој од 2014 година го предводеше младиот тим на Милан.

Броки е петтиот тренер на Милан во последните 3 години по Алегри, Сидорф, Инзаги и Михајловиќ.