Денеска и утре продолжуваат фудбалските возбудувања во Лигата на шампионите.
Вечерва се играат првите четвртфинални натпревари а се среќаваат Барселона-Атлетико Мадрид и Баерн Минхен-Бенфика.
Шпанското четвртфинале, е дуел на двете водечки екипи во Примера, и е најпривлечниот дуел во оваа фаза во Лигата на шампионите.
Сезонава двете средби во шпанското првенство завршија со идентични победи (2:1) за Барселона.
Расположението кај Каталонците, не е на високо ниво поради домашниот пораз од Реал кој ја прекина серијата од 39 натпревари без пораз, во која се наоѓаше Барса.
Атлетико, забележа убедлива победа над Бетис од (5:1), но она што го загрижува тренерот Диего Симеоне е здравствениот билтен.
Тројцата централни дефанзивци, кои играа оваа сезона се повредени Годин, Хименез, Савиќ и докторите ќе решат дали можат да играат.
Симеоне се бори и против традицијата, тој ги загубил 6 натпревари против Барселона на Луис Енрике.
Баерн, кој во претходната рунда, избегна елиминација од Јувентус, во оваа фаза е апсолутен фаворит против Бенфика, особено на првиот меч пред своите навивачи.
Ниту традицјата не и е наклонета на Бенфика. Португалскиот тим на последните 3 натпревари во Минхен убедливо губел со 5:1, 4:1, 4:1.
Утре ќе се соочат Волфсбург и Реал Мадрид, односно ПСЖ и Манчестер Сити.