Енди Мареј и Серена Вилијамс се преселија на трибините на мастерсот во Мајами!

Loading

На тенискиот мастерс во Мајами се случија неколку изненадувања на машкиот и женскиот дел од турнирот.

miami

Минатогодишниот финалист во Мајами, Енди Мареј неочекувано загуби од Григор Димитров и ги заврши настапите уште во 1/16финалето.

Британецот го доби првиот сет во тај брејк со 7:6, но во наредните два му се случи пад во играта и му дозволи на Бугаринот да ја однесе победата со 6:4 и 6:3.

Па така по овој пораз Мареј ќе загуби многу поени на АТП листата, бидејќи минатата сезона играше во финалето.

Пласман во осминафиналето изборија уште и Киргиос, Монфилс, Џумхур, Раониќ.

Денеска треба да бидат познати сите патници во осминафиналето. Кај дамите се случи и најголемото изненадување.

Најдобрата светска тенисерка Серена Вилијамс загуби во осминафиналето од Русинката Светлана Кузњецова со 2-1 во сетови 6-7, 6-1, 6-2.

Вилијамс мечот го заврши со 50 неизнудени грешки. Противничка на Кузњецова во четвртфиналето ќе и биде нејзината сонародничка Екатеринја Макарова која во два сета ја победи Украинката Елина Свитолина.

Другите три двојки за 1/4финалната фаза кај дамите се: Кејс-Кербер, Башчински-Халеп и Конта-Азаренка.