Клоп го носи Марио Геце во Ливерпул за 20 милиони евра!

Loading

Германскиот репрезентативец Марио Геце донел одлука за својата иднина, а тоа е летен трансфер во Ливерпул кај својот поранешен тренер Јурген Клоп.

koppgetce

Геце веќе најавил преселба на Енфилд и повторна соработка со Клоп. Не е никаква тајна дека Геце е незадоволен од статусот во Баерн, а фактот дека баварците не му нудат нов договор е јасен предзнак дека на него не се смета сериозно ниту под водство на новиот тренер Карло Анчелоти.

Актуелниот договор истекува во јуни 2017 година, па токму затоа и вредноста на офанзивецот е значително намалена во однос на минатото лето.

Во таборот на Ливерпул се убедени дека ќе успеат да го комплетираат трансферот на 23-годишниот ас за вредност од околу 20 милиони евра, што би бил извонреден потег.

Клоп се интересира и за голманот на Барселона, Тер Штеген, но и за левиот бек на Келн и на германската репрезентација, Јонас Хектор.