Вестбрук во друштво на Џордан, Лејкерси поразени од Јута со 48 разлика!

Loading

Во НБА лигата се одиграа 10 натпревари.

nba1

Расел Вестбрук со нов трипл-дабл од 26 поени, 11 скокови, 12 асистенции ја предводеше Оклахома до триумфот над Торонто од 119:100.

Плејмејкерот на Оклахома со седмиот „трипл дабл“ учинок во месец март застана рамо до рамо со најголемиот на сите времиња, Мајкл Џордан.

Вестбрук и Џордан се единствените играчи во историјата на НБА кои во еден месец имале 7 „трипл дабл“ учиноци.

Најефикасен кај Оклахома сепак беше Кевин Дурент со 34 поени и 8 асистенции. Кај Торонто Демар Дерозан постигна 19, а Џош Пауел 18 поени.

ЛА Лејкерси, го допреа дното во Солт Лејк Сити. Јута на „езерџиите“ им го нанесе најтешкиот пораз во клупската историја откако славеше со 123:75 или 48 разлика.

Брајант погоди само еден од 11-те обиди од поле, а своето последно гостување во Солт Лејк Сити го заврши со 5 поени.

Јута ја предводеше Родни Худ со 30 поени, а по 17 кошеви постигнаа Шелвин Мек и Тревор Букер.

Чикаго Булс полека го губи местото во плејофот оваа сезона откако на домашен терен загуби од Атланта со 102-100.

Во другите средби Денвер-Далас 88:97, Портланд-Сакраменто 105:93, ЛА Клиперс-Бостон 114:90, Мајами-Бруклин 110:99, Мемфис-Сан Антонио 87:101, Њу Орлеанс-Њујорк 99:91 и Минесота-Феникс 116:121.

За вечерва на нба програмата предвидени се 6 натпревари.