АБА: Победи на Црвена звезда и Игокеа за комплетирање на 19.коло

Loading

Кошаркарите на Црвена Звезда стигнаа до нова победа во АБА лигата.

oli-crv

Тие нагости ја победија Олимпија во Љубљана од 77-69 и ја прекинаа низата од три порази во сите натпреварувања.

Ова е 14-та победа на црвено белите со што се на третото место во АБА лигата зад Будуќност и Цедевита. Квинси Милер со 25 поени и 9 скока беше прв играч на мечот.

До важна победа во борбата за што подобар пласман и избегнување на последното место стигна и Игокеа која на домашен терен го победи Мега Лекс со 80:75.

igo-mega

Ова за Мега беше седми пораз, додека за Игокеа со победата се наоѓа во групата од пет екипи кои имаат по 7 победи.

Во ова 19 коло во АБА лигата прогласен е и играчот на колото, а таа титула ја понесе играчот на МЗТ Скопје Аеродром Урош Луковиќ со постигнати 17 поени и 18 скокови и собра 36 индексни поени, но сепак неговата добра партија против Сутјеска остана без ефект за неговата екипа.

Луковиќ претходно во ТОП 5 беше и во 16.коло кога беше на петтата позиција.

Uros