Видео: Г.Стејт го доби дербито со Мајами за скор од 36-2, победи на Спарси и Вашингтон

Во НБА лигата се одиграа 3 средби синоќа.

cari2

Шампионот Голден Стејт во дербито го совлада Мајами со 111:103 и сега има скор од 36:2.

Стеф Кари даде 31 поен, а поддршка му дадоа Дрејмонд Грин со 22 поени, 12 скока и 6 асистенции, Клеј Томсон со 17 поени и Херисон Барнс со 12 поени.

Кај Мајами најдобар беше Двејн Вејд со 20 поени, 7 скока и 11 асистенции, Крис Бош даде 15  поени и 12 скока, а Луол Денг 14 поени и 10 скокови.

Вашингтон го совлада Чикаго нагости со 114:100, а во победничкиот тим дури седум играчи имаа двоцифрен скор на поени.

И во третиот меч Сан Антонио на гостински терен славеше над Бруклин со 106:79. Најдобар во победничкиот тим беше Ламаркус Олдриџ со 25 поени и 11 скока, Ленард додаде 17 поени и 8 скока, а двоцифрени беа и Бобан Марјановиќ со 13 поени и Диао со 11 поени.

За вечерва предвидени се 8 нба натпревари.