Како Македонија гласаше за наградата Златна топка 2015 на ФИФА!?

Loading

Меси по 5-ти пат е прогласен за најдобар фудбалер на светот во изборот на капитените на репрезентациите, селекторите и новинарите од сите земји.

messi ball

И Македонија ги даде своите гласови за наградата најдобар фудбалер за 2015 година во организација на ФИФА и Франс фудбал или Златна топка.

Па така капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Ванче Шиков, најмногу поени (5) му доделил на Кристијано Роналдо. На второто место според Шиков е Погба (3 поени), а од капитенот на нашата репрезентација, еден поен добил Роберт Левандовски.

sik-ang

За селекторот Игор Ангеловски, најдобар е Лионел Меси, а следуваат Андрес Иниеста и Кристијано Роналдо. За македонскиот претставник кај медиумите, Сотировски Марио најмногу поени му доделил на Меси, а следуваат Еден Азар и Кристијано Роналдо.

Лионел Меси пак 5 бода му дал на Луис Суарез, 3 на Нејмар и 1 на Андрес Иниеста, додека пак Кристјано Роналдо најмногу поени му доделил на Карим Бензема, а следуваат Хамес Родригез и Герет Бејл.

За Нејмар најдобар е Лионел Меси, а следуваат Суарез и Ракитиќ.