Македонскиот автомобилист и европски шампион на ридски патеки Игор Стефановски „Иџе“ денеска го прославува својот 33-ти роденден.
Иџе остави огромен печат во Македонскиот автомобилизам освојувајќи две европски титули на ридски патеки во Категорија 1 во 2014 и 2015 година со неговиот автомобил Mitsubishi Lаncer EVО IX, а покрај големиот број на победи и титули, тој постави и голем број на рекорди на патеките ширум Европа кои ќе останат во сеќавање долго во иднина.
Игор во неговата кариера беше зад воланите на Yugo, Peugeot 106, Honda Civic Type-R и секако, шампионскиот автомобил Mitsubishi Lancer EVO IX.
Има освоено 12 национални шампионски титули на ридски и на кружни патеки, додека овие две европски титули се најголемото достигнување засега во неговата тркачка кариера.
Бројката 33 ја гледа како надеж за 3 европска титула и златна кацига во Европскиот шампионат на ридски патеки, но не се откажува и од огромната желба за настап на Европскиот куп на кружни патеки следната сезона.
Иџе пред неколку дена беше прогласен и за спортист на Град Скопје за 2015 година.
Среќен роденден Игор со желби за уште повеќе титули во својата кариера и се најубаво во животот.