Видео: И Портланд го зема скалпот на Кливленд, Филаделфија со прва гостинска победа

Loading

Тимот на Портланд Траил Блејзерс на домашен терен го прегазија шампионот на истокот и лидер оваа сезона тимот на Кливленд со 105-76.

ely_7295

Во составот на Трејлблејзерси, кои се рехабилитираа за серијата од 5 порази, најдобар беше Ален Краб со личен рекорд од 26 поени, а Мекколум додаде 16 коша. Кај Кавалирси Леброн Џејмс постигна скромни 12 поени, а Кевин Лав 13.

Изненадувањето го приреди Филаделфија, која славеше кај Феникс со 111:104, што е само втор триумф сезонава и прва победа на гостински терен за сиксерси.

Ајзеа Канан со 22 коша беше најефикасен кај гостите, а во домашниот состав Брендон Најт запиша 21 поен.

Њу Орлеанс против Хјустон славеше од 110-108, а тимот од Тексас имаше и можност за победнички шут во овој меч, но Пеликанс со одлична одбрана не дозволија да им биде украдена победата.

Ерик Гордон со 26 и Ентони Дејвис со 24 поени го водеа Њу Орлеанс до победата, додека на спротивната страна Џејмс Харден уфрли 25 поени.

Уште еден интересен меч беше одигран во Солт лејк сити. ЛА Клиперс славеа против Јута со 109-104 со одличен натпревар на Редик кој мечот го заврши со 25 поени. Кај домашните Гордон Хауард постигна 28 поени.