Управата на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром направи одличен потег за дерби натпреварот од 17.коло против Мега Лекс во АБА лигата, влезот да биде слободен за сите љубители на кошарката.
Натпреварот се игра во понеделник на 28 декември со почеток од 18 часот, а влезот ќе биде бесплатен за горните трибини од СЦ „Јане Сандански“.
За оние кои ќе сакаат мечот да го проследат од ВИП секциите, цената на билетите останува 200 денари.
Кошаркарите на МЗТ Скопје се наоѓаат во серија од три победи по ред и со евентуален триумф против Мега би значело доаѓање на само две победи до четвртата позиција на која се наоѓа следниот ривал на металците.
Досега нашиот шампион има 7 победи и 9 порази во АБА лигата и се наоѓа на 6-тото место со 23 бода, а до крајот на сезоната треба да се одиграат уште 10 кола.