Најдобар спортист на Европа за 2015 е Новак Џоковиќ!

Loading

Новак Џоковиќ е прогласен за спортист на Европа во 2015 година во традиционалниот избор на највлијателните новински агенции на Стариот континент, што го организира полската новинска агенција.

djokovic

Во 58 избор, првиот рекет во светот го повтори успехот од 2011 година, откако освои 199 гласови победувајќи го убедливо претходниот двократен освојувач на ова признание, шампионот во формула еден Британецот Луис Хамилтон кој освои 139 бода.

Светската шампионка на 200 метри, атлетичарката од Холандија, Дафне Шиперс со 79 бода, се најде на третата позиција во овој избор, четвртото место му припадна на шпанскиот кошаркар Пау Гасол, додека петти е фудбалерот на Реал од Мадрид, Кристијано Роналдо.

Во топ 10 спортисти на Европа што го направи ПАП, се уште британскиот атлетичар Мохамед Фарах, австриската скијачка Ана Фенингер, потоа нејзиниот сонародник скијачот, Марсел Хиршер, унгарската пливачка Катинка Хошу и нордијката од Норвешка, Марит Бјорген.