Пливачот Поп Ацев е најдобар спортист на Македонија за 2015 година

Маратонскиот пливач Евгениј Поп Ацев е прогласен за најдобар спортист на Македонија за 2015 година.

pop-acev

Оваа година Поп Ацев победи на ФИНА гран при серијата и стана првиот Македонец кој победил на Охридскиот пливачки маратон.

– Голема чест и задоволство за мене е да се добие ова признание. Секако чест е да ја претставувам Македонија на меѓународните натпревари и на Охридскиот маратон. Благодарност до Агенцијата за млади и спорт за поддршката во изминатава година, која е моја најуспешна. Наградата ќе биде само мотив да продолжам да работам, изјави Поп Ацев по добивањето на наградата.

За најдобра спортистка е прогласена Стефани Тодорова, во дисциплината кик бокс.