Познатиот боксерски шампион Мајк Тајсон го доживеа првиот пораз во кариерата во 1990 година во Токио.
Тој беше нокаутиран од комплетен аутсајдер, Бастер Даглас и го шокираше светот.
Во тоа време, 23-годишниот Тајсон беше толку сигурен во победата што не го сфаќаше Даглас сериозно. Неговиот долгогодишен пријател, пејачот Боби Браун, беше со Мајк во Јапонија на 11 февруари 1990 година.
“Се забавувавме навистина, навистина жестоко. Со нас двајцата во собата имаше 24 жени. Си поминавме лудо. Го молев да спие малку пред борбата”, рекол Браун, а потоа се пошегувал со Мајк.
“Конечно заспа, но во рингот. Не покажувај го ова, ќе ме убијат”, рекол Браун во документарниот филм во подготовка.
По овој пораз, кариерата на Ајрон Мајк почна да опаѓа. Набрзо заврши во затвор, бил без борба четири години и никогаш повеќе не беше оној стариот Мајк.
Следеа многубројни скандали. Мајк создаваше проблеми, борбите беа полни со контроверзии, а конечниот крај на неговата кариера следуваше во 2005 година.