ФОТО: Дали знаете дека Федерер има сестра? Таа е полиглот, медицинска сестра и исто има близнаци!

Loading

Само сериозните фанови на Роџер Федерер знаат дека Швајцарецот има сестра, иако е еден од најдобрите и најпознатите спортисти на сите времиња.

Секако, има многу од оние кои знаеле, но има многу тениски фанови кои се воодушевени кога ќе дознаат дека Дијана постои.

Семејството не ја криеше Дијана Федерер. Едноставно решила да не се појавува во јавноста, па не доаѓала често на неговите натпревари.

Сепак, таа го бодреше својот брат на некои важни грен слем натпревари, а најчесто го гледаше Роџер на дело на турнирот во Базел.

Дијана има 42 години, постара е од Роџер, а особено интересно е фактот што со сопругот доби близнаци исто како и помалиот брат со сопругата Мирка.

Сестрата на еден од најдобрите тенисерки на сите времиња работи како медицинска сестра, а покрај мајчиниот германски, течно зборува англиски и француски, додека одлично работи и зборува италијански и шведски.

Растејќи заедно Дијана и Роџер поминаа време во Јужна Африка и Швајцарија, што влијаеше на нив во голема мера.

Фото: Andrew H. Walker/Getty Images

Таткото на Дијана и Роџер, Роберт Федерер, еднаш ја спомна својата ќерка додека одговараше на прашања за неговиот син.

– Без сомнение, јас сум многу горд на Роџер, но горд сум и на мојата ќерка, сестрата на Роџер. Ние сме Федерерови, останавме какви што сме биле и нема да се менуваме – изјави Роберт Федерер пред неколку години.