Тренерот на ПСЖ ги разреши сите дилеми – Во кој клуб Мбапе ќе игра следната сезона?!

Loading

Уште една сезона без трофејот во Лигата на шампионите навестува нови промени на клупата и во играчкиот кадар на ПСЖ.

фото: Reuters

Иако се очекува наскоро да биде сменет Маурисио Покетино, Аргентинецот смета дека тоа нема да се случи.

И најдобриот стрелец Килијан Мбапе да нема да го напушти клубот иако договорот му истекува во јуни, а на големо се зборува за заминување во Реал Мадрид.

Покетино разговараше со медиумите во пресрет на гостувањето на ПСЖ во Стразбур, а во таа прилика беше запрашан какви се шансите тој да остане тренер и следната сезона, како и клубот да го задржи Мбапе.

,,100 отсто и во двата случаи – одговори тренерот на парижаните, кои минатиот викенд и официјално ја освоија десеттата титула на францускиот шампион.

Тој резултат сепак не е доволен за да ги израдува катарските шеици на кормилото на клубот. Лигата на шампионите со години е примарна цел, па се очекува отказ на Покетино. Сепак, тој е уверен по тоа прашање.

,,Тоа го чувствувам денес. Не можам да кажам ништо друго, освен дека така се чувствувам денес… Немаше конкретни разговори, освен она што е според вообичаениот распоред. Имаме природен однос, комуницираме на различни теми, се разбира дека тоа може да се промени во однос на околностите, но сегашниот однос и комуникацијата што ја имаме се добри. Работиме вредно и одговорно, не само сега, туку размислуваме и за иднината – изјави Покетино, кој во ПСЖ пристигна во јануари 2021 година, потпишувајќи договор на 18 месеци, а минатото лето го продолжи до 2023 година.