Манчестер Јунајтед понудил 15 милиони евра за едногодишен договор на Златан Ибрахимовиќ.
Шведскиот репрезентативец од 1.јули ќе биде слободен играч, и најави дека нема да остане во ПСЖ, а се шпекулира дека има финасиски богати понуди од Кина и од САД.
Златан Ибрахимовиќ, се поврзува со трансфер во Манчестер Јунајтед, каде го очекуваат и доаѓањето на Жозе Мурињо, но прашање е дали напаѓачот и тренерот ќе пристигнат на „Олд Трафорд“ откако стана јасно дека Јунајтед нема да игра во Лигата на шампионите.
Ибрахимовиќ во текот на својата кариера играше за Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона и Милан, а за четири сезони во ПСЖ постигнал 154 голови на 179 одиграни натпревари.