Велс и Англија обезбедија 1/8 финале во групата Б

Loading

Велс и Англија обезбедија пласман во осминафиналето на Европското фудбалско првенство 2016 во Франција по одигрување на последното 3.коло во групата Б.

bale1

Словачка ќе ја чека својата шанса да оди во следната фаза како една од четирите најдобри третопласирани селекции.

Но што се случуваше синоќа на терените во Франција, репрезентацијата на Велс во Тулуз убедливо со 3:0 ја победи и елиминира Русија со головите на Арон Рамзи, Нил Тејлор и Герет Бејл.

russ-wal

Во, Сент Етиен, Англија и Словачка одиграа нерешено, без голови 0:0.

slo-eng

Табела Б-група:

1.Велс            6 бодови
2.Англија      5
3.Словачка   4
4.Русија         1.

Денеска на ЕУРО 2016 ќе се играат натпреварите од последното 3.коло во Ц и Д групите.