Црвена Ѕвезда ја освои титулата во АБА лигата за првпат во историјата

Loading

Кошаркарите на Црвена ѕвезда ја освоија титулата во АБА лигата во сезоната 2014/2015.

crvena

Белградскиот тим со 3-1 во победи славеше во финалната серија против загребска Цедевита, а во четвртиот меч ‘црвено белите’ славеа на теренот на противникот во Загреб со 89:79.

Со првата титула во регионалното натпреварување Црвена ѕвезда ја круниса извонредната сезона, во која играше во Топ 16 фазата во Евролигата, го освои Купот на Србија, а со пласманот во финалето во АБА лигата обезбеди ново учество во Евролигата следната сезона.

Сезоната во АБА лигата Црвена ѕвезда ја заврши со скор од 32 победи и само 4 порази, а во регуларниот дел од сезоната ‘црвено белите’ имаа скор од 26-2, додека во плејофот полуфиналето и финалето ги добија со 3-1.

bobi

За МВП на финалната серија е прогласен центарот на Црвена ѕвезда Бобан Марјановиќ, а покрај Црвена Ѕвезда и Цедевита обезбеди настап во Евролигата следната сезона.