ЛШ: Барселона славеше во Лондон, реми во Торино!

Loading

Во лигата на шампионите се одиграа нови две средби од осминафиналето. Јувентус и Баерн во Торино одиграа реми 2:2, додека Барселона славеше во Лондон над Арсенал со 2:0.

Champions-League-Final

Одличен меч се одигра во Торино кој на крајот заврши без победник иако Баварците имаа предност од 0:2. 60 минути Баерн Минхен доминираше во Торино, а Јувентус никако не успеваше да најде одговор за пресинг играта на германскиот првак која му донесе водство од 2-0.

Милер најпрвин промаши една шанса во 22.минута, но во 43-та рутински реализираше за 0:1. Предноста ја зголеми Робен 12 минути подоцна.

Но до крајот на средбата италијанците се вратија во игра, Кимих загуби топка во опасната зона, Манџукиќ го проигра Дибала, а 22-годишниот Аргентинец го совлада Нојер во 63.минута за 1-2.

По тој гол старата дама ја имаше повеќе топката во свој посед, а тоа го материјализираше во 78.минута, Мората му асистираше на Стураро за конечни 2:2. Италијанскиот тим ќе има многу тешка задача во реваншот во Минхен.

Барселона го скрши отпорот на Арсенал во второто полувреме дури во 70 минута кога Барселона одигра школска контра, во која актери беа тројцата најдобри во тимот, а потоа Нејмар го проигра Меси кој го совлада Чех за првпат во кариерата дури во шестиот меч.

Конечниот резултат го постави Аргентинецот Меси во 83 минута, откако избори пенал. Фламини кој само неколку минути претходно влезе во игра невнимателно стартуваше врз Меси, кој пеналот го претвори во гол.

Реванш натпреварите, во кои домаќини ќе бидат, Баерн и Барселона ќе се одиграат на 16-ти март.