Жозе Мурињо ја засилува Рома во јануари – Доаѓа момчето кое беше големо засилување за Атлетико!

Loading

Жозе Мурињо, тренерот на Рома размислува за нови засилувања во јануарскиот преоден рок и тоа од Мадрид.

Според „А Бола“, на радарот на португалскиот стручњак е момчето кое со своите игри во дресот на Порто го воодушеви фудбалскиот свет. Преговорите се веќе во тек.

Тоа му овозможи трансфер во Атлетико Мадрид, но нештата за него тргнаа наопаку во шпанската престолнина.

Хектор Ерера е на милост и немилост на Диего Симеоне, доби само 43 минути на последните шест натпревари во Ла Лига и тоа дефинитивно е причина за заминување.

Рома и Мурињо сега го чекаат со раширени раце. Ерера дојде во Атлетико во 2019 година како слободен агент откако му истече договорот со Порто, а Мурињо би го довел на позајмица до крајот на сезоната, со опција за целосен откуп на договорот по крајот на сезоната.