(ВИДЕО+ФОТО) За Божиќ и домот на Роналдо изгледа спектакуларно – Сите во исто руво пред новогодишната елка!

Loading

Фотографијата која фудбалерот на Манчестер Јунајтед ја објави на Инстаграм за краток период собра речиси 10.000.000 „лајкови“.

фото:Instagram/Georginagio

Се што прави Кристијано Роналдо предизвикува големо внимание. Не е важно дали постигнал гол или направил нешто спектакуларно на теренот или едноставно споделил фотографија со семејството.

Овој пат Кристијано и неговата избраничка Георгина Родригез за Божиќ носеа црвени божиќни пижами, а на гости имаа семејство фудбалери.

Тие одлучија дека најдобро место за фотографијата се скалите покрај украсената елка, а објавата набрзина доби огромен број „лајкови“ и коментари од обожавателите кои се одзваа на убавите желби на Португалецот.