Ждребка за ЕП 2022+ЛИНК: Македонските ракометарки денеска ги добиваат ривалките за групната фаза!

Loading

Европското ракометно првенство за жени 2022 година, ќе се оддржи од 4 до 20 ноември, а земји домаќини ќе бидат Македонија, Словенија и Црна Гора.

По тој повод денеска од 17 часот во Љубљана ќе се одржи ждрепка за групната фаза, по која Македонија ќе ги дознае противниците за Европското првенство.

Вкупно 16 репрезентации ќе учествуваат на EHF EURO 2022, и се поделени во 4 шешири.

Македонија ќе игра во групата Ц, во Скопје, и е сместена во третиот шешир со Словенија, Хрватска и Германија, а не може да се игра ниту против Црна Гора која е во групата Д и Унгарија која оди во групата А.

Шешир 1: Норвешка, Франција, Данска, Полска
Шешир 2: Холандија, Црна Гора, Шведска, Унгарија
Шешир 3: Словенија, Македонија, Хрватска, Германија
Шешир 4: Шпанија, Романија, Србија, Швајцарија

Извлекувањето на групите ќе може да се следи во живо….. ТУКА

Натпреварите од втората рунда ќе се играат во Љубљана и Скопје, додека полуфиналињата и финалето ќе се одржи во Љубљана.