ВРЦ Рели 2016: Ожие ја одбрани титулата и ја продолжи француската доминација!

Loading

Релито во Шпанија, го промовира старо-новиот шампион во ова натпреварување французинот Себастијан Ожие од тимот на Волксваген Спорт, кој ја освои титулата по четврти пат во кариерата.

ожие

На Ожие му беа потребни само два бода од релито во Шпанија, за да ја завери шампионската круна и покрај фактот да победи неговиот тимски колега Андреас Микелсен.

Но, кога Микелсен се откажа поради излетувањето по вториот ден, Ожие сепак не сакаше да се задоволи само со неколку поени и ја забележа својата петта победа во сезоната, оставајки го за 15,6 секунди зад себе Дани Сордо.

ogier

Клубскиот колега на Сордо, Тиери Невил заврши трет со Хјундаи и се најде по оваа рунда на второ место во генералниот пласман, поминувајки го Микелсен.

Четврти трката ја заврши третиот возач на тимот на Хјундаи, Падон.

Ожие е на две рунди пред крајот прв со 220 недостижни поени, пред Невил со 130 и Микелсен, кој остана на 127.

ожие1

Со четвртата светска титула Французинот застана рамо до рамо со легендите како Јуха Канкунен и Томи Макинен, но пред себе има долг пат додека сака да го израмни рекордот на својот сонародник Себастијан Лоеб и деветте негови титули.