ВРЕМЕПЛОВ: Дали се сеќавате на овој меч од 1991? – Како Црвена Ѕвезда обезбеди финале во Купот на шампионите!

На денешен ден пред 31 година на 24 април 1991 година, Црвена ѕвезда обезбеди пласман во финалето на Купот на европските шампиони по ремито со Баерн на Маракана во Белград.

фото: crvenazvezda.com

Легендарниот автогол на Клаус Аугенталер ги испрати црвено-белите директно во Бари, а Баерн Минхен ги згасна сите надежи за пласман во финалето.

Како што велат – останатото е историја, а Црвена ѕвезда стана европски првак во Бари на 29 мај истата година на стадионот „Свети Никола“ победувајќи го Олимпик од Марсеј по изведувањето пенали.

На 24 април над 90.000 луѓе беа на стадионот на Црвена ѕвезда.

Со голот на Синиша Михајловиќ од перфектен слободен удар Ѕвезда поведе со 1:0. Се чинеше дека тоа е тоа и дека со зачуваната предност од Минхен, Ѕвезда лесно ќе ја приведе оваа игра до крај.

Но, Германците, како Германци, нема предавање кај нив до последниот свиреж на судијата.

Аугенталер и Бендер со своите голови му донесоа водство на Баерн, а Баварците потоа обезбедија продолженија. Но, потоа дојде деведесеттата минута.

Со автоголот на Аугенталер, црвено-белите израмнија на 2-2, а коментаторот Милојко Пантиќ полуде…. ,,НЕБОТО СЕ ОТВОРИ, СТАДИОНОТ ЕКСПЛОДИРА,,…..